Фото: Пиксабеј

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала синоќа погоди делови на јужна Калифорнија, без извештаи за потенцијални жртви или материјална штета.

Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на земјотресот бил регистриран во близина на Метлер, област во округот Керн, на околу 137 километри од центарот на Лос Анџелес.

Властите во Лос Анџелес и другите погодени области проверуваат дали е предизвикана материјална штета.