Фото: Пиксабеј

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Неапол во 1.25 часот по полноќ на мала длабочина од три километри – соопштија италијанските сеизмолози.

Напојувањето со електрична енергија било прекинато во повеќе делови од Неапол.

Многу луѓе во италијанскиот град и околината ја поминале ноќта на улиците или во своите автомобили плашејќи се од нови потреси.

Како што јавуваат италијанските медиуми, земјотресот бил почувствуван во неколку области на регионот Кампанија. Во блискиот град Поцуоли, во близина на епицентарот на земјотресот, едно повредено лице е извлечено од урнатините на делумно урната куќа.

Минатата година италијанската влада најави нови мерки како одговор на зголемената сеизмичка активност во областа, ажурирајќи ги плановите за можна масовна евакуација.