Војната во Украина може да заврши само со дипломатски средства, изјави денеска украинскиот претседател Володомир Зеленски во интервју за украинската телевизија.
-Крајот на конфликтот ќе биде со дипломатски средства-рече тој во интервјуто.
Како што наведе, војната ќе биде „крвава, но дефинитивно ќе заврши со дипломатија“.
-Има работи што ќе можеме да ги постигнеме само на преговарачка маса. Сакаме се да биде како што беше досега, што Русија не го сака-рече Зеленски, без да даде други детали за кажаното.