Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека ќе побара од НАТО да му обезбеди безбедносни гаранции на Киев додека не постигнат полноправно членство во таа организација.
Зеленски им се обрати на новинарите во новооснованиот Литексп, каде дојде на состанокот на Советот НАТО-Украина, чиј прв состанок ќе се одржи денеска во рамки на самитот на НАТО во Вилнус, главниот град на Литванија – објави „Анадолија“.
Потенцирајќи дека има неколку приоритети во денешните разговори, Зеленски рече дека прв е пакетот помош оружје за неговата земја која е во војна со Русија, а втор приоритет е членството на Украина во НАТО.
– Она што го слушнавме овде и што јас го разбирам е дека кога ќе дозволат безбедносните мерки, ќе добиеме покана за членство во НАТО. Денеска сакам да разговарам за тоа со моите партнери – рече Зеленски.
Тој нагласи дека Украина сака безбедносни гаранции на патот кон членството во НАТО.