Фото: Принтскрин

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија денеска лансирала над 70 ракети и повеќе од сто дронови брз енергетскиот систем на Украина.

– Денес Путин намерно го избра Божиќ за својот напад. Што може да биде понехумано од тоа? Над 70 проектили, вклучително и балистички, и над 100 нападни беспилотни летала. Целта е нашиот енергетски систем. Тие продолжуваат да се борат Украина да остане во темнина – објави Зеленски на Телеграм.

Претходно, украинското Министерство за одбрана соопшти дека за време на денешниот руски напад соборени се 59 проектили и 54 дронови.

Градоначалникот на вториот по големина град во Украина, Игор Терехов изјави дека се истрелани 12 проектили врз енергетските објекти во Харков. Во рускиот напад повредени се најмалку четири лица, а голем дел од Харков е без електрична енергија, вода и греење.