Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека Русија одбива да прифати безусловен прекин на огнот за да продолжи со ракетните напади од Црното Море.
– Тоа е една од причините зошто Русија ја искривува дипломатијата, зошто одбива да се согласи на безусловен прекин на огнот, тие сакаат да ја задржат способноста да ги напаѓаат нашите градови и пристаништа од морето – истакна Зеленски.
Според него прекинот на огнот на море не е само прашање на пловидба или извоз на храна, туку и за спречување на понатамошна ескалација.
– Путин не сака да ја заврши војната. Тој сака да ги задржи средствата за ескалација во секое време, со уште поголема сила – предупреди Зеленски.
Тој повика на продолжување на притисокот врз Москва.
– Ако постои прекин на огнот, мора да биде безусловен, кој не дозволува уништување на животи. Путин одбива. Чекаме одговор од САД и исто така очекуваме одговор од сите во Европа и во светот кои навистина сакаат мир – наведе Зеленски.