Фото: Официјален фејсбук профил на Володомир Зеленски

По рускиот напад врз украинскиот град Дњепар, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека официјална Москва со секој таков удар докажува дека е потребно да се изврши силен притисок врз Русија и да се воведат „поболни санкции за агресорот“.

– Спасувачите, општинските служби и агенциите за вонредни ситуации работат во Дњепар по нападот на руски дрон врз тој град. Тоа беше едноставно дрзок удар врз цивилната инфраструктура, сред бел ден. Засега се знае дека се повредени повеќе од 10 лица – објави Зеленски на својот профил на Фејсбук.

Како што претходно објави Укринформ, руската војска го нападна Дњепар со дронови и во тој напад загина едно лице, а 15 беа повредени.