Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Украина мора да ги повлече своите трупи од сите нови региони на Русија за да започнат мировните преговори.
Тој наведе дека друг услов за преговорите мора да биде изјавата на Киев дека се откажува од намерата за влез во НАТО, додавајќи дека тогаш веднаш ќе биде подготвен да седне на преговарачка маса.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори дека условите на Путин се „ултиматум“ на кој не може да му се верува.
– Верувам дека Путин нема да ја прекине својата воена офанзива дури и ако се исполнат неговите барања за прекин на огнот – додаде Зеленски.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одговори на зборовите на Зеленски дека е јасно дека тоа е „мировна иницијатива и сеопфатен, многу длабок и конструктивен предлог“.
Во меѓувреме, Зеленски отпатува за Швајцарија, каде што се одржува дводневен мировен самит, на кој не беа поканети претставници на Москва.
Германија и предаде уште еден голем пакет воена помош на Украина, кој вклучува ракетни системи ХИМАРС, опрема за противвоздушна одбрана и тенкови.
– Министрите за одбрана на земјите од НАТО го одобрија планот за долгорочно снабдување со оружје и воена опрема на Украина, како и продолжување на воената обука – изјави по средбата генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Тој рече дека помошта ќе биде обезбедена од американската воена база во германскиот град Визбаден и ќе вклучува персонал од 700 луѓе.