Украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на платформата „X“ наведе дека имал телефонски разговор со албанскиот премиер Еди Рама.
Зеленски напиша дека го информирал Рама за ситуацијата на воениот фронт и во дипломатијата, нагласувајќи дека Украина работи со сите партнери за да ја запре војната и да избегне понатамошни жртви.
-Разговаравме за подготовките за состаноци на важни меѓународни сцени. Ова ќе бидат посебни формати на соработка со партнерите. Ќе направиме сè за да ги заштитиме нашите луѓе – напиша тој.
На крајот од својата порака, Зеленски изразува благодарност за поддршката на Албанија: „Ви благодарам, Еди. Ви благодарам, Албанија, за вашата непоколеблива поддршка за Украина”.