Фото: Официјален фејсбук профил на Володомир Зеленски

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го оцени како „добар компромис“ предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп преговорите со Русија да почнат врз основа на актуелната линија на фронтот.

– Американскиот претседател предложи двете страни да останат таму каде што се и да почнат преговори. Мислам дека тоа беше добар компромис, но не сум сигурен дека (рускиот претседател Владимир) Путин ќе го поддржи и тоа му го кажав на Трамп – посочи Зеленски.

Трам изминатите денови врши притисок врз двете завојувани страни да ги прекинат непријателствата и им предложи на Украина и Русија „веднаш да застанат на сегашната линија на фронтот“.

Тој минатата недела соопшти дека набрзо ќе се сретне со Путин во Будимпешта, но вчера изјави дека „не сака залудна средба“ со рускиот претседател.