Откако руски генерал изјави дека Русија сака целосна контрола врз јужна Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека руската акција на неговата земја е само почеток и оти Москва има планови да заземе и други земји.
– Сите народи кои како нас веруваат во победата на животот над смртта, мора да се борат со нас. Тие мора да ни помогнат, бидејќи ние сме први во редот, но прашање е кој ќе биде следен – нагласи Зеленски во видео обраќање.
Тој рече дека коментарите на руската армија за потребата од создавање врска со Молдавија на украинскиот фронт, укажуваат на тоа дека Москва сака да изврши инвазија и на други земји.
Руските државни новински агенции претходно го цитираа Рустам Минекаев, заменик командант на рускиот централен воен округ, кој рекол дека „целосната контрола на јужна Украина ќе овозможи пристап до Придњестровје, отцепен дел во западна Молдавија“.
Украинскиот претседател додаде и дека сојузниците конечно почнале да доставуваат оружје како што барал Киев, нагласувајќи дека тоа ќе помогне „да се спасат животите на илјадници луѓе