Фото: Официјален фејсбук профил на Володомир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска телефонски разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон за притисокот врз Русија, а двајцата се согласиле и наскоро да се сретнат.

– Сега е вистинското време да се насочи ситуацијата кон крајот на војната, а најважно е целосно да се искористи секоја можност и да се изврши соодветен притисок врз Русија. Притисокот врз оној што ја почна војната е клучот за исходот. Емануел и јас разговаравме за сите тековни дипломатски аспекти и нашите најнови контакти со партнерите. Благодарен сум за поддршката. Се согласивме да се сретнеме во блиска иднина – напиша украинскиот претседател на Х.