Американскиот Конгрес со аплауз го поздрави обраќањето на украинскиот претседател
Украинскиот претседател Владимир Зеленски го отвори своето обраќање пред американскиот Конгрес, пофалувајќи ја храброста на украинскиот народ и рече дека судбината на неговата земја се решава токму сега – среде руската инвазија. Во пресрет на неговото обраќање, тој беше пречекан со аплауз од американските пратеници.
– Главниот град Киев е под ракетни и воздушни напади на руските војници секој ден. Но, тој не се откажува. Украина е во најтешката војна од Втората светска војна. Имам чест да ве поздравам во името на украинскиот народ, храбар и слободољубив народ кој се спротивставува на агресијата веќе осум години. Во моментов се решава судбината на нашата земја. Судбината на нашиот народ. Украинците слободни ќе можат да ја зачуваат својата демократија. Не нѐ нападнаа само нас, не само земјата, не само градовите, започна брутална офанзива против нашите вредности – рече Зеленски.
Тој ги повика САД да направат повеќе за Украина.
– Во најтемното време за нашата земја, ве повикувам да сторите повеќе. Потребни се нови пакети санкции, постојано, секоја недела, додека не запре руската воена машина – рече украинскиот претседател.
Зеленски, меѓу другото, рече дека САД треба да ги санкционираат сите руски политичари кои остануваат на своите позиции и да не ги прекинуваат врските со оние кои се против Украина.
Украинскиот претседател директно му се обрати на американскиот претседател Џо Бајден во неговиот говор пред Конгресот, повикувајќи го да биде „лидер на мирот“.
– Не гледам смисла во животот, ако не може да ја спречи смртта. И ова е моето главно прашање до лидерот на народот. Му се обраќам на претседателот Бајден: ти си лидер на нацијата, твојата голема нација. Сакам да бидеш лидер на светот. Да се биде лидер на светот значи да се биде лидер на мирот – рече Зеленски.