Претседателот на Украина, Влaдимир Зеленски, во видеопорака рече дека земјата се бори и се брани веќе 15 дена.
– Издржавме. Украинската армија одбива напади во клучните области. Благодарение на нашата армија, Националната гарда, граничарите, полицијата, терористите и сите што се приклучија на одбраната, ние не станавме робови. И никогаш нема да станеме – рече тој.
Градскиот совет на Мариупол соопшти дека руските трупи продолжиле да го бомбардираат овој град.
Украина истражува 38 случаи на наводно предавство против локални функционери и полицајци обвинети за помагање на Русија, соопшти Украинското Државно истражно биро.
Се наведува дека е покрената кривична постапка против неколку полицајци во украинските градови Мариупол и Херсон.
Градоначалникот на Житомир, Серхиј Сухомлин, изјави дека цивилна зграда, термоцентрала и две болници биле погодени од руски воздушни напади. Градоначалникот Сухомлин додаде дека никој не е повреден.