Советот на ЕУ попладнево одобри привремена слободна трговија со Украина за одредени украински производи, јавува МИА.
Ова конкретно значи дека за засегнатите производи се укинуваат сите царински обврски за извоз кон ЕУ од Украина во времетраење од една година.
Европската Унија оцени дека со ова „значително ќе ја поддржи украинската економија“ во време кога се соочува со војна од Русија која има последици врз производниот капацитет на Украина како и врз нејзината транспортна инфраструктура, пристапот до Црното море и генерално способноста да тргува со целиот свет.
Усвоени се и неколку други трговски мерки на олеснување со Украина, па таа сите царини предвидени во Договорот за придружување помеѓу ЕУ и Украина се либерализираат привремено: овошје, зеленчук, индустриски и земјоделски продукти, итн., ЕУ привремено нема веќе да применува анти-дампинг царини врз Киев.
Советот ја усвои оваа одлука врз основа на предлог на Европската Комисија, тој е веќе одобрен и во Европскиот Парламент и стапува на сила за неколку дена.