Фото: Фејсбук/СПС

Стабилна и без промени во моментов е здравствената состојба на потпретседателот на Владата на Србија и лидер на СПС, Ивица Дачиќ, соопшти помошник-директорот на Клиниката за пулмологија во Белград, Спасоје Попевиќ.

-Мерките за интензивно лекување продолжуваат. Состојбата засега е стабилна, а ноќта ја помина мирно, изјави д-р Попевиќ пред новинарите пред Клиниката за пулмологија, каде што Дачиќ е хоспитализиран, јавува РТС.

Од Клиниката најавија дека нови информации за неговата здравствена состојба ќе бидат соопштени во 17 часот.

Дачиќ, кој ја извршува и функцијата министер за внатрешни работи, во средата беше итно примен на лекување во Клиниката за пулмологија при Универзитетски клинички центар на Србија.