Фото: Доналд Трамп/Официјален фејсбук профил

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во овој момент не е подготвен да постигне договор со Иран за завршување на војната – јави ДПА.

Во изјава за „Ен-би-си“, Трамп посочи дека Техеран покажува интерес за договор, но според него условите сè уште не се доволно прифатливи.

-Иран сака да склучи договор, а јас не сакам да го склучам бидејќи условите сè уште не се доволно добри – изјави Трамп во интервјуто објавено синоќа.

Запрашан кои конкретни услови треба да се исполнат за да дојде до договор, американскиот претседател не даде дополнителни детали, велејќи дека не сака да ги открие.

Тој сепак нагласи дека во секој можен договор ќе инсистира Иран целосно да се откаже од своите нуклеарни амбиции.

Во меѓувреме, високи претставници на Иран јавно не изразиле подготвеност за преговори за договор со кој би се ставил крај на конфликтот.