Западот се обидува да забие клин меѓу Русија и Кина зборувајќи за нееднаквите односи и зависноста на Москва од Пекинг, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено утринава.
Лавров, исто така, рече дека непријателскиот однос на ЕУ кон Москва значи дека, како што рече „ја изгубила Русија“. Според него, Москва има намера да постапи строго со ЕУ доколку е потребно.
– Како одговор на непријателските чекори, ќе постапиме строго доколку е потребно, врз основа на националните интереси на Русија и принципот на реципроцитет прифатен во дипломатската пракса – рече Лавров.