Со испораката на оружје на Украина, западните земји го доведуваат светот во смртна опасност, смета пратеникот на руската Државна дума од Крим, Михаил Шеремет.
– Со објавувањето на својата намера да испорачаат ракети и бомби со долг дострел на Украина, западните земји, пред се САД и Британија, ја отвораат Пандорината кутија, туркајќи го светот во смртна опасност и апокалипса, по што нема да има враќање – изјави Шеремет за „Спутник“.
Според него, западните земји се длабоко во заблуда ако сметаат на победа избирајќи го патот за „пумпање“ на Украина со смртоносно оружје.
Пратеникот истакнува дека дојде време кога лидерите на сите земји треба да се однесуваат избалансирано и одмерено во меѓународните прашања и односи.
Минатата пролет Русија испрати нота до земјите на НАТО за испорака на оружје за Украина.
Според медиумските анализи, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека секој товар што содржи воена опрема ќе стане легитимна цел на руската војска.