Потпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, предупредува дека Москва ќе ја третира секоја странска војска во Украина како закана, без оглед на знамето. Во исто време, тaa го обвинува НАТО за ескалација на реториката и драстично зголемување на воените трошоци.
Секое воено присуство во Украина, без разлика на знамето, ќе се смета за закана за Русија и ќе доведе до конфликт – изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Таа додаде дека земјите од НАТО планираат драстично да ги зголемат воените трошоци и зборуваат за можен конфликт со Русија.
Претходно францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина, доколку се појави потреба. Оваа идеја беше поддржана и од некои балтички земји, додека Германија и САД се оградија од таквата опција.
Москва постојано предупредуваше дека секое директно странско воено вмешување во Украина ќе доведе до ескалација на конфликтот и ширење на војната надвор од границите на земјата.