Фото: Твитер

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за одбрана, одржа прес-конференција на која зборуваше за нуклеарното оружје.

Таа тврди дека „Русија останува целосно посветена на принципот никогаш да не дозволи да се води нуклеарна војна“.

Таа рече дека ставот на Москва, според кој никогаш не смее да започне нуклеарна војна, не е променет.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец изјави дека Русија располага со „различно разорно оружје“ и дека ќе „користи сѐ што е на располагање“ за да ја одбрани Русија, при што Путин под „Русија“ мисли и на четирите украински региони чија анексија објави тој минатата недела.