Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска ја обвини Полска дека ги спречува бегалци од Украина да пристигнат во Русија.
– Варшава прави сè што е во нејзина моќ да ги спречи луѓето од Украина, кои сега се во Полска и сакаат да дојдат во Русија… Полска само ги засилува нивните страдања – наведе Захарова.