Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека бомбардирањето на иранското пристаниште Бандар-е Анзали негативно влијаело врз економските интереси на Русија и другите земји од регионот.
Според неа, пристаништето, кое се наоѓа на Каспиското Море, претставува клучен трговски и логистички центар што активно се користи за руско-иранската трговија, вклучително и за транспорт на прехранбени производи.
Захарова нагласи дека нападот ги засегнал и другите држави што имаат транспортни врски со Иран преку ова пристаниште. Таа додаде дека Каспискиот регион традиционално се смета за простор на мир и соработка, но ваквите, како што рече, „неодговорни постапки“ создаваат ризик од вовлекување на земјите од регионот во поширок воен конфликт.































