Фото: Марија Захарова/ Министерство за надворешни работи на Русија

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека каков било дијалог со Јапонија за мировен договор може да почне само откако Токио ќе се откаже од она што Москва го нарекува „антируски курс“.

– Актуелната политика на Јапонија доведе до застој на билатералните односи – изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

Русија, државата наследничка на поранешниот Советски Сојуз, и Јапонија никогаш не потпишале мировен договор за формално завршување на непријателствата од Втората светска војна.