Фото: Инстаграм профил/ Марија Захарова

Секој мировен договор за Украина мора да вклучува решение за корените на конфликтот – изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

 – Зборуваме за корените на конфликтот не за да го продолжиме, туку за неговиот исход да биде фундаментален, долгорочен и да гарантира мир – нагласи таа.

-Овој пат за кој зборуваат претседателот на нашата земја (Владимир Путин) и министерот за надворешни работи (Сергеј Лавров), руското раководство како целина, е наведен од нас и ние се водиме од него – рече Захарова.