Русија е загрижена поради зголемената активност на силите на НАТО на Арктикот и гледа ризици од „ненамерни инциденти“ кои можат да се случат во регионот, изјави денеска претседателот на Комитетот на високи претставници на Арктичкиот совет Николај Корчунов.
– Неодамнешниот пораст на активностите на НАТО на Арктикот е причина за загриженост. Уште една голема воена вежба на алијансата неодамна беше спроведена во северна Норвешка. Според наше мислење, тоа не придонесува за безбедноста на регионот – рече Корчунов.
Според Корчунов, ваквата активност го зголемува ризикот од „ненамерни инциденти“, кои освен безбедносни ризици можат да предизвикаат и сериозна штета на арктичкиот екосистем, пренесе Бета.
Тој не прецизираше на каков инцидент мисли.