Хрватската потрошувачка платформа „Ало, инспекторе“ соопшти дека бојкотот на пекарниците во Хрватска е голем успех и најави дека бојкотот ќе продолжи и следната недела, овој пат на банките и телекомуникациските компании бидејќи ги зголемиле цените на нивните услуги.
Од платформата се наведува дека потрошувачите изразиле незадоволство од поскапувањето на услугите што ги даваат банките и телекомуникациските оператори и најави дека на 20 февруари пред Хрватската народна банка (ХНБ) во Загреб ќе биде организирана акција „Пет минути предупредување“, при што потрошувачите ќе можат на пазарот да го изразат своето незадоволство од сè што се случува на пазарот.
-Ги покануваме да дојдат со проспекти и каталози за промоции и попусти, да дојдат пред гувернерот и неговите соработници кои не поканија да купуваме на промоции. Во ред, па ќе покажеме како изгледа кога живееш од промоција до промоција – рече Јосип Келемен, советник на платформата за потрошувачи „Ало, инспекторе“, пренесува Танјуг.