Фото: ЕПА

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата потпиша извршни наредби во сферата на образованието што ќе овозможат „разбистрување на родителскиот избор при упис на своите деца во училиштата“. Претседателот на САД исто така донесе директива за прекинување на федералното финансирање за наставните програми. По деталната анализа на тековните наставни програми, претседателот на САД ги нарече нив програми за „индоктринација на учениците за антиамерикански идеологии“. Двете директиви на Трамп, кои доаѓаат многу бргу откако тој положи заклетва за вториот мандат, се во согласност со неговото предизборно ветување за ревизија на образовниот систем во земјата

Трансформација на образованието во САД: Трамп воведе огромни промени во училиштата

Директивата на Трамп за „прекинување на федералното финансирање за наставните програми“ го задолжува Министерството за образование на САД да издаде упатства за тоа како државите можат да ги користат федералните образовни фондови за поддршка на т.н. иницијативи за избор, без дополнителни детали.
– Политика на мојата администрација е да ги поддржува родителите во изборот и насочувањето на воспитувањето и образованието на нивните деца – се вели во наредбата на Трамп.
– Премногу деца не напредуваат во нивното доделено јавно училиште – изјави тој.
Натаму, неговата втора директива има цел да ги спречи училиштата да користат федерални средства за наставна програма, сертификација на наставници и други цели поврзани со „родовата идеологија или идеологијата за дискриминаторска еднаквост“.
– Во последниве години, родителите беа сведоци како училиштата ги индоктринираат нивните деца со радикални антиамерикански идеологии додека намерно ја блокираа родителската контрола – се наведува во директивата на Трамп.
Главна тема е учењето за расизмот

Во основата на наредбата е верувањето, застапено од Трамп и неговите сојузници за време на кампањата, дека „белите деца се учат да се срамат од себе и од своите предци поради историјата на земјата на ропство и дискриминација на обоените луѓе“. Во наредбата, во делот од образложението се вели дека „од наставниците, па и самите наставници барале премолчено прифаќање на концептите на ’бела привилегија‘ или ’несвесна пристрасност‘ и со тоа промовирале расизам и го поткопувале националното единство“.
Иако наредбата не се однесува на терминот „критична теорија на раса“ (т.н. ЦРТ), таа користи јазик што често го користат неговите противници за да ја критикуваат доктрината за институционален расизам.
Некогаш нејасен академски концепт, теоријата се најде во центарот на дебатите во САД за тоа како да ги учат децата за историјата на земјата и структурниот расизам. Академската рамка што најчесто се учи во правните училишта, но не и во основните и средните училишта, почива на премисата дека „расната пристрасност, намерна или не, е вградена во американските закони и институции“.
Да потсетиме, за време на инаугуративно обраќање на Трамп, тој се осврна на образованието и жестоко го критикуваше досегашниот концепт во кој, како што рече, „образованието ги учи нашите деца да се срамат од себе – во многу случаи да ја мразат својата земја“.
Кристина Грир, вонредна професорка по политички науки на Универзитетот „Фордам“, во изјава за медиумите, вели дека директивата на Трамп не е изненадување.
– Како кандидат, тој рече дека постои „радикална индоктринација на учениците“! – истакна Грир.
Јавниот систем на образување во САД, според американските медиуми, образува 50 милиони американски деца. Образованието во САД првенствено се финансира преку државни и локални даноци, при што федералните извори сочинуваат околу 14 проценти од финансирањето на јавните училишта (т.н. К-12), според податоците од пописот.
Наредбата на Трамп може да влијае на околу 30-40 милијарди долари федерални грантови, проценува Фредерик Хес, експерт за образование во десничарскиот американски институт за претпријатија. Р.С.