Српскиот претседател Александар Вучиќ имаше обраќање по денешниот безбедносен самит со претставници на африканските земји, објави Б92.нет.
„Јасно ви е колку е важен овој самит за нас. Африка е најбрзо растечки континент. Ние негуваме традиционално пријателство кон африканските народи, тука нема расизам“, рече Вучиќ.
Зборувајќи за актуелните безбедносни прашања во светот, српскиот претседател ја спомна и Македонија. Вучиќ ова го изјави во контекст на случувањата во Грузија, каде што на едно видео е прикажано 7-годишно дете како пука во полицијата.
-Кој го објави, каде се неговите родители? Прво го објавија западните медиуми, оние кои ги поддржуваат демонстрациите во Грузија, а потоа и Телеграм каналите. Зошто некој се фали со учество на 7-годишно момче. Мислите дека е генијално што ги обоија бекатонските чинии во црвено, кои не ќе можат целосно да се исчистат? Зарем мислите дека е нивна идеја? Пронајдете ги снимките од 2016 година, целосно беше исто сценариото во Македонија. На потполно ист начин го обоија главниот плоштад во Скопје. Газдата и спонзорот секогаш беше ист, а жртви беа народите против кои спроведуваа обоени револуции. Во Србија тоа нема да се случи, бидете уверени – рече Вучиќ.