Вооружен напаѓач уби три лица во ресторан во трговски центар во предградие на Индијанаполис во американската држава Индијана. Напаѓачот е убиен од вооружен случаен минувач, соопшти полицијата.
Машкото лице синоќа со пушка влегло во трговскиот центар Гринвуд Парк и почнало да пука во ресторан, појасни шефот на полицијата на Гринвуд, Џим Ајсон.
Според Ајсон, две лица се повредени.
Пребаран е целиот трговски центар, но, се верува дека нападот бил ограничен на делот за ресторани.
-Вистинскиот херој на денот е граѓанин кој легално носел огнено оружје во тој ресторан и успеал да го спречи напаѓачот практично веднаш штом почнал да пука – изјави Ајсон на новинарите.
Тој рече дека вооружениот минувач е 22-годишен маж.
Нападот доаѓа во услови на загриженост на јавноста поради пукањето во институции и јавни места во САД.