Претседателот на Државната дума на Русија, Вјачеслав Володин, смета дека е неопходно да се забрани работата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) на територијата на Русија, пренесе „РТС“
– Потребно е да се направат измени во законодавството со кое се забранува каква било активност на МКС на територијата на нашата земја, како и да се предвиди одговорност за промовирање и поддршка на МКС – напиша Володин на Телеграм.
Минатата недела, совет на МКС издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и детскиот правобранител Марија Лавова-Белова. Судот меѓу другото ги товари и за депортација на деца од Украина.
Москва не ја признава јурисдикцијата на МКС и тврди дека руските власти ги спасиле децата од украинското гранатирање и ги однеле од борбената зона во безбедни подрачја.