Фото: ЕПА/илустрација

Во Колумбија се урна воен авион од типот „Херкулес Ц-130“, при што, според локалните медиуми, во леталото се наоѓале околу 110 војници.

Министерот за одбрана Педро Санчез изјави дека несреќата се случила при полетување од воена база во регионот на Амазонија, во близина на границата со Перу. Авионот превезувал припадници на вооружените сили.

Засега не се познати точниот број на жртви ниту причините за падот, а надлежните служби работат на утврдување на околностите.

Според локалното радио „Блу-Радио“, авионот се урнал на околу три километри од најблискиот урбан центар.