Припадници на МВР во Велика Плана во соработка со Основното јавно обвинителство ги приведоа бугарските државјани Г.Г.(23) и И.Г.(48) поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело насилничко однесување, пренесувааат бугарските медиуми.
Уапсените бугарски државјани се обвинети дека на автопатот Белград-Ниш кај Велика Плана, во колоната што била создадена поради работи на мостот над Јасеница, по расправија, повеќе пати со раце и нозе, како и со дрвена и метална палка, го удирале четириесет и осумгодишниот возач на БМВ и неговиот дваесет и едногодишен син.
Исто така, Г.Г. е осомничен дека го скршил предното стакло и го оштетил покривот на автомобилот БМВ.