Шпански јутјубер, кој има повеќе од милион следбеници, е уапсен под обвинение дека преку својот канал давал инструкции за правење експлозиви, објавија шпанските медиуми. Уапсениот јутјубер Алберто Хром (28) емитувал 60 туторијали во кои детално опишал како се прават видови на експлозиви како барут или фрлач на пламен, пишува весникот „Ел Паис“.
На почетокот на своите видеа, јутјуберот прво ги замолил своите следбеници да се претплатат на неговиот канал за да го финансира она што ќе им го прикаже. Потоа, чекор по чекор, опишувал како се произведуваат експлозивни материи од различни видови и ги објаснувал нивните деструктивни ефекти.
Јутјуберот ги негираше наводите, според шпанскиот весник.