Фото: Официјална страница на Кремљ

Кремљ денеска објави дека е можна средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп во Кина во септември, доколку американскиот претседател пристигне таму на истиот датум како и неговиот руски колега.

Путин треба да отпатува во Кина за прославите по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна на почетокот на септември.

-Доколку американскиот претседател одлучи да оди во Кина тогаш, тогаш таквата средба не може да се исклучи теоретски – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.

Путин треба да отпатува во Пекинг за голема воена парада по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.

Претседателот Си Џинпинг ќе претседава со настанот, кој ќе се одржи на плоштадот Тјенанмен на 3 септември.

Откако Доналд Трамп се врати во Белата куќа во јануари 2025 година, претседателите на САД и Русија разговараа по телефон неколку пати, особено во врска со големата офанзива на Москва во Украина, започната во февруари 2022 година, но не одржаа состанок.