Украинскиот државјанин Володимир З., кој беше баран од Германија за неговата наводна вмешаност во експлозиите на „Северен тек“, е приведен во Полска – објави денеска радиото „РМФ ФМ“ (RMF FM).
Според извештаите, осомничениот бил на списокот на барани лица по европска потерница издадена од германски суд.
Германските власти минатиот месец издадоа потерници за пет украински државјани осомничени за вмешаност во инцидентот.
Експлозиите на „Северен тек“, што се случија во 2022 година северно од Балтичкото Море, опишани од Москва и Западот како чин на саботажа, предизвикаа големи проблеми во снабдувањето со руски гас за Европа, дополнително ескалирајќи ја војната во Украина и зголемувајќи го енергетскиот притисок на континентот.
До денеска никој не ја презеде одговорноста за овие експлозии, а Украина негираше каква било вмешаност.
Во август, исто така, италијанската полиција уапси Украинец под сомнение за координирање на нападите врз гасоводот.
Досега нема официјални коментари од полските или германските обвинители во врска со апсењето.