Првите американски војници, како дел од военото засилување за Европа, пристигнаа во Полска, јави денеска полската новинска агенција ПАП. Според агенцијата, авионот со војниците на американската 82. Воздушно-десантна дивизија слетал на аеродромот „Јасионка“ во близина на Жешов.
Се очекува во Полска да бидат распоредени вкупно 1.700 војници. Американската воена опрема почна да пристигнува во земјата претходно оваа недела.
Во средата, американските власти ги објавија плановите за распоредување војници како засилување во Романија, Полска и Германија.
Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби изјави дека тие сили нема да се борат во Украина, туку „ќе обезбедат силна одбрана на нашите НАТО сојузници“.
Во вчерашните извештаи, пренесува МИА, беше објавено дека првите американски војници, како дел од засилувањата за Европа, пристигнаа во Германија.