Претседателот на Украина, Володимир Зеленски и републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп денеска се сретнаа во „Кулата Трамп“ во Њујорк.
Зеленски пред средбата истакна дека верува оти со Трамп имаат заеднички став за војната во Украина оти не смее да победи рускиот претседател Владимир Путин.
Додека поранешниот американски претседател истакна дека ќе работи со Киев и Москва за завршување на војната.
– Мислам дека фактот што и денеска сме овде заедно е многу добар знак… Имаме многу добри односи со Зеленски, а како што знаете, јас исто така имам многу добри односи со претседателот Путин – наведе Трамп.
Тој додаде дека верува оти ако победи на изборите, многу брзо ќе го реши прашањето за војната.
Средбата Зеленски – Трамп се одржува еден ден откако украинскиот претседател вчера се сретна со демократскиот претседателски кандидат Камала Харис.
Зеленски вчера се сретна и со претседателот на САД, Џо Бајден.