Во Москва е уапсен единаесеттиот обвинет за учество во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“, соопштија за руските медиуми од московскиот суд.
Судот прецизираше дека е уапсен Мухамед Зоир Шарипзода, родум од Таџикистан.
Тој се товари за кривично дело терористички акт.