Фото: Пиксабеј/Илустрација

Најмалку 32 луѓе загинаа при уривање на рудник за кобалт во јужниот дел на Демократска Република Конго – соопштија денеска локалните власти.

Несреќата се случила кога се урнал мост над поплавен коп во рудникот за кобалт во покраината Луалаба.

Спасувачки екипи сè уште го пребаруваат рудникот.