Денеска во Каиро треба да продолжат преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, јавија египетски медиуми повикувајќи се на безбедносни извори.
Најавата доаѓа откако канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху завчера соопшти дека тој се согласил на нова рунда разговори за прекин на огнот во Газа и ќе испрати делегации во Египет и Катар за преговарачки дискусии.
Претходните преговори, чии посредници беа Египет, Катар и САД, завршија неуспешно, откако Израел ги отфрли барањата на Хамас.
Се очекува Израел денеска да испрати делегација во Каиро, додека, според западни медиуми, Хамас одлучил да почека информации посредниците во Каиро во врска со исходот од нивните разговори со Израел.