Фото: Принтскрин/Би-би-си

Вкупно 2,76 милиони наркотични таблети и 314 килограми наркотични супстанции се конфискувани во операција против трговијата со дрога во Истанбул – објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на платформата Икс.

Во полициската акција приведени се две лица под обвинение за дистрибуција на наркотици.

Јериклија наведе и дека во друга полициска операција во Истанбул Текирдаг, Коџаели, Сакарја и во Хатај, приведени се седум лица осомничени за поврзаност со операцијата на шпанската полиција од пред неколку дена, во која беше пресретнат брод со 10 тони кокаин. Во акцијата на шпанската полиција приведени се 13 членови на екипажот, меѓу кои четворица Турци, еден Србин, еден Унгарец и седум Индијци.