Седумнаесет лица загинаа во рок од два дена во три одвоени инциденти со истекување гас во Алжир, јави денеска телевизијата „Алгхад“.
– Ги замолувам сите семејства да бидат внимателни за да се избегнат вакви сериозни несреќи во кои има жртви од сите возрасти – рече алжирскиот министер за внатрешни работи Камел Бељуд.
Тој изрази надеж дека граѓаните ќе ги земат предвид упатствата за спречување на опасност од задушување со гас.