Фото: Пиксабеј

Израелската војска потврди дека го убила командантот на Хезболах Ибрахим Мухамед Кубаиси во воздушен напад во Бејрут.

Кубаиси, командант во Хезболах, кој е познат како „клучен човек“ во ракетната бригада, наводно бил убиен во последниот израелски напад врз либанската престолнина Бејрут.

Либанските власти соопштија дека најмалку шест лица биле убиени во нападот.

Израел попладнево изврши насочени воздушни напади врз Бејрут. Тие беа насочени кон јужните делови на градот, кои се упориште на Хезболах.