Влијателен ирански свештеник ги повика муслиманите ширум светот да се одмаздат за смртта на врховниот водач Али Хамнеи, објави ДПА, а пренесе МИА.
Иранската државна новинска агенција „Тасним“ денеска јави дека големиот ајатолах Насер Макарем Ширази во религиозна изјава, или фатва, прогласил дека „главните сторители на ова злосторство“ се САД и Израел.
– Одмаздата е религиозна должност на сите муслимани во светот, со цел злото на овие криминалци да биде искоренето од Земјата- се вели во продолжение на фатвата.
Макарем Ширази индиректно му се закани на американскиот претседател Доналд Трамп со смрт во јуни минатата година, кога Трамп рече дека Хамнеи е „лесна мета“.
Големиот ајатолах тогаш прогласи во фатва дека заканите против Хамнеи ќе бидат казнети со смрт во исламот.
Макарем Ширази е еден од највисоките религиозни авторитети во шиитскиот ислам, кој е државна религија на Иран.































