Пјербатиста Пикабала, највисокиот римокатолички свештеник во Светата земја ги повика христијанските верници во Витлеем да бараат надеж.
– Мораме да го бараме и да го најдеме гласот на надежта што нè води до Исус и спасението, гласот што ја отвора вратата за надежта – рече Пикабала на мисата на која присуствуваа помалку верници поради епидемиолошките мерки.
Само неколку стотина луѓе се собраа на плоштадот пред храмот на Христовото раѓање, од кои повеќето живеат, работат или студираат во Израел и на Западниот Брег и пееја традиционални песни околу елката и божиќната сцена за да се расположат.