Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти САД би можеле да имаат „чест да ја окупираат Куба“, додавајќи дека Вашингтон може да прави „што сака“ со островската држава, пренесува „Ројтерс“.

Изјавата ја даде за време на потпишување на извршна наредба во Белата куќа, при што рече дека Куба е „многу ослабена нација“ која се наоѓа во сериозна економска криза.

Трамп во изминатите недели повеќепати изјавуваше дека Куба е на работ на колапс и дека САД го зголемуваат економскиот притисок врз островот.

Куба моментално се соочува со една од најтешките економски кризи од револуцијата во 1959 година, предводена од Фидел Кастро.