Фото: ЕПА

Порака од Министерството за одбрана на Обединетото Кралство:

Велика Британија е подготвена за оружен конфликт со Русија, изјави за јавноста шефот на британското Министерство за одбрана, Џон Хили.
– Ова е порака до Москва. Велика Британија ги зајакнува своите вооружени сили и својата индустриска база. Тоа е дел од нашата подготвеност да се бориме доколку е потребно – рече тој, осврнувајќи се на зголемувањето на британските трошоци за одбрана.
Министерот притоа изјави дека Велика Британија ќе потроши три проценти од својот БДП за одбрана до 2034 година. Тој додаде дека нема сомнение дека земјата ќе ја достигне оваа бројка.
Либералните западни елити сè повеќе изразуваат идеи за директен оружен конфликт меѓу НАТО и Москва. „Коалицијата на подготвените“ ги проширува своите активности и го нарекува тоа „задржување на руската агресија“.
Светската јавност постојано изразува загриженост поради зголемувањето на бројот на сојузнички сили во Европа.
Од друга страна, Министерството за надворешни работи на Русија официјално изјави дека „останува отворено за дијалог со НАТО, но на рамноправна основа, додека Западот мора да се откаже од својот курс кон милитаризација на Европа“. Р.С.