Лондон ќе му испорача на Киев ракетни системи со повеќекратно лансирање, кои можат да погодат цели дури до 80 километри оддалеченост, во потег што беше координиран со САД и покрај тоа што Русија се закани дека ќе возврати
Велика Британија ќе ѝ достави на Украина повеќекратни ракетни системи за лансирање „М270“ („М270 МЛРС“), кои можат да погодат цели со дефинирана прецизност на оддалеченост од повеќе од 70 километри, со надеж дека ќе ја нарушат концентрираната руска артилерија, која ги насочи своите напади врз градови во источна Украина. Одлуката на Лондон е донесена во координација со одлуката на САД да ѝ испратат на Украина артилериски ракетен систем со висока мобилност („ХИМАРС“). Потегот на Вашингтон да го испрати „ХИМАРС“ веќе ја налути Москва, а рускиот претседател Владимир Путин се закани дека ќе го прошири списокот на цели што Русија ќе ги нападне во Украина доколку западните земји му испратат оружје со долг дострел на Киев.