Здравствената состојба на папата Франциск останува „критична“, соопшти Ватикан, потврдувајќи дека 88-годишниот поглавар на Католичката црква има почетна форма на бубрежна слабост.
Иако денеска немал дополнителни респираторни напади, тој веќе една недела е хоспитализиран во римската болница Џемели поради комплексна респираторна инфекција и пневмонија.
Минатиот петок, лекарите предупредија дека една од најсериозните можни компликации е развој на сепса – тешка инфекција на крвта.